29.10.09

Сепак Белград, а не Прилеп

Додека во Гуц се случуваше хуманитарниот хепенинг во соработка со Црвениот крст, учениците од трета и четврта година не го послушаа мојот совет да одат на екскурзија во Прилеп, па си отидоа во Белград. Утрото на тргање сонцето и златножолтите бои од милата Македонија ги испратија кон соседна Србија.

Патем се застануваше за пушење, за мушење и за мал одмор,


за пиење кафе.


Во Белград - сместување во екскурзијашката „Славија“, која им пречи само на професорите, зашто учениците мислат само на забава, на излегување, пиење и мување.



Понекој ѕирнува низ прозор за да го види ова...


ама повеќемина брзаат да се симнат, да се најадат,

а потоа... да се подготват и да се забавуваат во дискотека (со некои исклучоци кои се префорсирале дента)...




и доцна ноќта, по празните улици, назад во „Славија“.

Утредента

прошетка низ Белград...




Патот кон Куќата на цвеќето...



Внатре, многубројните Титови штафети...


Посета на стадионот „Маракана“,



Посета на зоолошката градина,
и прекрасните фотографии од Гаврил...






(добро де, не се лути, малку сум го утнала местото)


Па Калемегдан...




и враќање по Кнез Михајлова ...



Вечерта, прошетка до св.Сава,


и храна во Мекдоналдс...


Третиот ден...
прекрасниот Нови Сад,

Петроварадинската тврдина...

со поглед кон стариот град...








За вечерта да се зачини со...




и, последното утро...тргање кон дома...
но, пред тоа и малку шопинг...


и, се разбира, да не заборавиме дека ние ги завршуваме екскурзиите вака...


Фотографиите ви ги овозможи...